Магазин | понеделник, 11 ноември 2013 | 12:57 | 0
  • A A A
  • Марјана и Викса од вечерва на МРТ1 во БИНГО БУМ

    Следете не на:

    marijana i viksa

    ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА е забавна емисија во која ќе се извлекуваат добитните бројчиња од игрите на среќа БИНГО БУМ и ТОП5.

    marjana-5400

    Водители на емисијата се Марјана Станојковска и Виктор Петров–Викса, кои во изминатиот период се дружеа со граѓаните низ Македонија, со цел да ги запознаат со игрите и можните добивки. Оригиналниот музички фон, чиј автор е Цане Петров, ќе се свири во живо, и тоа од комплетната постава на групата Биоритам кои ќе изведат и неколку музички нумери за загревање на атмосферата. За емисијата Време за среќа е направена и комплено нова оригинална сценографија со потпис на Јана Петковска. Со овој ТВ проект за прв пат во историјата на приредување на игри на среќа во Македонија, во една ТВ емисија ќе бидат сместени две игри на среќа, со цел поголема можност за добивки и радост на играчите на игри на среќа со бројчиња.

    БИНГО БУМ е познатата омилена семејна игра на среќа Бинго, со нов идентитет и во ново ТВ пакување. Добивките се разновидни: најголемата е Макси Бинго која носи гарантирани 2.000.000 денари; за добивките Џек Пот линија и Џек Пот две линии резервирани се автомобили; а покрај добивката Бинго Бум, што се остварува до 90тиот извлечен број, има и многу други категории добивки креирани со цел да се постигне што поголем број среќни добитници. Во играта на среќа БИНГО БУМ ќе се учествува со уплата на БИНГО БУМ картичка во едно од среќните места со знакот на детелинка или кај продавачите на мобилна продажба.Уплатата за првото коло на играта на среќа се затвора во понеделник во 19:30.

    ВРЕМЕ ЗА СРЕЌА почнува вечерва, понеделник, во 20.30 часот на МТВ1.

    фото: Дневник

    Нема коментари.

    Коментирај